Манчестер јунајтед во понеделникот своето ново засилување Алексис Санчез го претставија со видео во кое тој свири на пијано и стои на теренот на „Олд Трафорд“, по што шкотскиот клуб Мадервел реши да ја „ископира“ идејата.
Повеќето фанови беа разочарани што видеото не ги искористи веќе славните кучиња на Санчез, Атом и Хамбер, а дел од фановите сметаа дека видеото е на ранг на кич.
? Ladies and gentlemen, please take your seats. Introducing #Alexis7…#GGMU #MUFC @Alexis_Sanchez pic.twitter.com/t9RIIx4mE4
— Manchester United (@ManUtd) January 22, 2018
Од шкотскиот клуб Мадервел денеска го претставија своето ново засилување, дефанзивецот Питер Хартли во „слично“ видео – тој свири на минијатурно пијано (и тоа не многу добро)… Тие ги прашуваат Јунајтед: „Вака ли треба?“. Едноставно совршено.
? | Ladies and gentlemen, please take your seats. Introducing #Pete6… #SIWY #MFC
Are we doing this right, @ManUtd? ? ? pic.twitter.com/4d14hXW7bN
— Motherwell FC (@MotherwellFC) January 23, 2018
Од Јунајтед собраа доволно храброст да одговорат на видеото.
— Manchester United (@ManUtd) January 23, 2018