Италијанецот Виторио Поцо е единствениот тренер во светот што успеал два пати да ја освои светската титула. Двете титули Поцо ги освоил со репрезентацијата на Италија.
Поцо првата титула ја освоил во 1934 година, а четири години подоцна и одбранил истата. Овој тренер во 1936 година со Италија го освоил и златниот медал на Олимписките игри во Берлин.
Поцо или како што го нарекувале „Стариот мајстор (Il Vecchio Maestro)“, во историјата на фудбалот е запишан и поради прочуената формација што ја форсирал на почетокот на 20.век.
До 1930 година, речиси сите во светот ја копирале формацијата на Блекбурн Роверс 2-3-5, меѓутоа Поцо започнал да ја форсира формацијата 2-3-2-3. Со оваа формација неговата репрезентација била доминантна на теренот и во исто време успешно се справувала со контра-нападите на противникот.
Формацијата 2-3-2-3 на Италија и донесе две светски титули.
Инаку, најмногу титули светски првак освоиле бразилските тренери, вкупно пет (Висенте Феола, Ајморе Мореира, Марио Загало, Карлос Алберто Переира, Луис Фелипе Сколари).
Интересно сите селекции што ја освојувале светската титула биле предводени од домашни тренери.
Селектори, светски шампиони:
1930 – Алберто Супици (Уругвај)
1934 – Виторио Поцо (Италија)
1938 – Виторио Поцо (Италија)
1950 – Хуан Лопез Фонтана (Уругвај)
1954 – Сеп Хербергер (СР Германија)
1958 – Висенте Феола (Бразил)
1962 – Ајморе Мореира (Бразил)
1966 – Алф Ремси (Англија)
1970 – Марио Загало (Бразил)
1974 – Хелмут Шон (СР Германија)
1978 – Луис Цезар Меноти (Аргентина)
1982 – Ензо Беарцот (Италија)
1986 – Карлос Билардо (Аргентина)
1990 – Франц Бекенбауер (СР Германија)
1994 – Карлос Алберто Переира (Бразил)
1998 – Еме Жаке (Франција)
2002 – Луис Фелипе Сколари (Бразил)
2006 – Марчело Липи (Италија)
2010 – Винсенте дел Боске (Шпанија)
2014 – Јоаким Лев (Германија)