Top Sport

СПАЛ го отпуштија Де Роси по само четири месеци

Поранешниот италијански репрезентативец Даниеле де Роси доби отказ од италијанскиот второлигаш СПАЛ, откако неговиот тим доживеа трет пораз едноподруго во Серија Б.

СПАЛ го ангажираа поранешниот фудбалер на Рома пред само четири месеци, откако тој подолго време работеше како помошник на италијанскиот селектор Роберо Манчини. Сепак, првата тренерска работа му падна лошо на Италијанецот, откако СПАЛ победи само трипати во 16 меча со него како тренер.

Scroll to Top