Актуелниот тренер на Интер, Лучано Спалети, застана во одбрана на еден од своите претходници, Жозе Мурињо, кој по драматичната победа на Манчестер јунајтед на гости кај Јувентус ги предизвикуваше домашните навивачи, велејќи дека „ако закачате лав, нормално дека ќе чуете крик“.
Многумина сметаа дека Мурињо претера со реакцијата на „Алијанц стадионот“ откако Јунајтед се вратија со два гола во четири минути за импресивна победа во досега неимпресивна сезона за англискиот клуб. Мурињо изјави дека 90 минути бил „навредуван во овој прекрасен италијански град“ и дека нема да дозволи навреди за неговото семејство – и личното и тоа на Интер, каде што им ја доенсе славната тројна круна.
Спалети признава дека Мурињо требал да биде потактичен, но ги сфаќа неговите постапки.
„Мислам дека по мечот и самиот призна дека не требал да направи така, и сите се согласуваме со тоа. Меѓутоа, постои голем притисок, посебно во некои мечеви и секогаш е можно да се реаигра. Ја работам истата работа како него и свесен сум за тоа. Но, ако остане само на тоа, тогаш тоа е дел од шоуто. Секако, ако закачате лав, порано или подоцна тој ќе крикне. Се случуваат такви работи“, вели Спалети.
Мурињо не можеше да се „насити“ и ги провоцираше навивачите и Бонучи (видео)