Лучано Спалети вели дека силниот старт на сезоната на Интер постави „нереални очекувања“ кај фановите, советувајќи ги своите млади играчи Јан Карамо и Марцело Брозовиќ.
„Нераѕурите“ ја прекинаа низата од осум меча без победа, пред да ја совладаат Болоња со 2:1 во неделата.
„Не е лесно да се надминат ваквите моменти. Имавме многу добар старт на сезоната си неверојатна низа, така што очлекувањата нереално пораснаа. Денеска бевме добри, но направивме грешка кога израмнија по што се спушти нашето ниво“, вели Спалети.
Тој ги изненади сите што го остави Антонио Кандрева на клупата и на негово место го постави 19-годишниот Французин Карамо, кој врати со прекрасен гол за победа. Од друга страна, Брозовиќ беше заменет и доби свирежи по што саркастично им аплаудираше на фановите.
„Карамо беше навистина добар, има брзина и техника да направи мешаница кај гостинската одбрана. Голот беше прекрасен. Дали ќе го казнам Брозовиќ? Не одат така работите. Од тоа што го видов, тој аплаудираше и покрај тоа што го свиркаа, но ќе ги погледнам пак снимките. Тие кои не се во тимот, сами се исклучуваат од него“, додава Спалети.