Top Sport

Спалети: Имам само респект за Паоло Малдини

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети вели дека има само респект за легендата на Милан, спортскиот директор Паоло Малдини, но и за менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола откако некои негови коментари и постапки беа по лупата на италијанските медиуми.

Спалети имаше судир со Малдини пред стартот на второто полуфинале на мечот помеѓу Наполи и Милан на „Стадио Диего Армандо Марадона“ и кога Милан си замина дома со 0:4 победа, но пред утрешниот повторен дуел на двата тима во четврт-финалето на ЛШ на „Сан Сиро“, тој вели дека има само респект за Малдини.

„Немам што да му кажам на Паоло бидејќи респектот и почитта помеѓу нас трае одамна. Проблемот сега е што има камери насекаде и сите работи кои се случуваат, а се сосема нормални, се вадат од контекст. Само ќе ви посочам дека кога бев тренер на Зенит имаше понуда тој да дојде да работи како спортски директор со мене. Тој имаше други обврски и не прифати, но тоа само покажува колку го почитувам тој човек“, вели Спалети.

Спалети исто така имаше и забелешки на коментарите на Гвардиола дека Наполи се фаворити за титулата во Лигата на шампиони, велејќи дека засилувања од 9 милиони евра не се исти како засилувања од 90 милиони евра. Гвардиола вчера повтори дека ги смета Наполи за фаворити, пред на шега да ја повлече изјавата за да не го „налути“ Спалети.

„Од неговиот одговор сфатив дека реакцијата на тоа што го кажав не беше добро прифатена. Затоа му се извинувам на Гвардиола, бидејќи сите сакаме кога луѓето зборуваат за Наполи и го фалат начинот на кој играме. Меѓутоа, ако слушнам дека Гвардиола вели дека ние треба да ја овоиме титулата од ЛШ, тоа е поинаку бидејќи ние не сме тим кој треба да сме притисок. Веќе направивме историја со првиот пласман во четврт-финале и сега сакаме да уживаме. Се надевам дека ќе седнем на убаво турско кафе со Гвардиола наскоро“, додава Спалети.

Спалети се скарал со Рафел Леао, реагирал и Малдини

Scroll to Top