Top Sport

Спалети: Клубот во целост ме поддржува

Интер со поразот од Болоња (0:1), уште еднаш ги разочара своите навивачи, а тренерот Лучано Спалети не е загрижен за својата позиција.

Новата 2019 година лошо започна за Интер, по поразот од Торино, елиминацијата од Купот, синоќа тимот на Спалети беше шокиран во Милано од Болоња.

„Самите се правме проблеми, дури и кога нема потреба за нешто такво. Тое доказ за несигурност, правиме грешки кои противниците ги казнуваат. Доколку немате квалитет да се носите со притисокот што го носи играњето за голем клуб тогаш не можете да реагирате на вистински начин“, рекол Спалети.

И покрај лошата серија на која ен и се гледа крајот тренерот на Интер не е загрижен за својата иднина, иако италијанските медиуми пишуваат дека доколку не победи против Парма наредниот викенд ќе добие отказ.

„Верувам дека 100 отсто ме поддржуваат. Ова нема да го смени мојот став, имам уште многу да одработам“, дополнил тренерот на Интер.

Интер и покрај поразот остана на третото место на табелата со 40 бода, но Милан и Рома ја намалија разликата на четири односно пет бода.

Scroll to Top