Top Sport

Спалети: Наполи да ја освои и ЛШ? Зошто да не!

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети го пофали менталитетот на неговите играчи по 3:0 победата над Специја, која ги носи на чекор поблиску до скудетото, но исто така најавува дека неговиот клуб мора да има амбиции и да ја освои Лигата на шампиони ова сезона.

Спалети не беше во најдобро расположение во првото полувреме на стадионот „Алберто Пико“, кога беше забележан како вреска на своите играчи, пред да му се подобри расположението во второто полувреме. Наполи сега има 16 поени предност пред Интер (пред вечерното дерби на Милано), а ги очекува и првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони против Ајнтрахт Франкфурт.

„Во вакви мечеви најважен е менталитетот на играчите, посебно кога имате толку малку простор за игра. Ни беше потребен квалитетот и креативноста на Осимен и Кварацхелија и затоа им викав во првото полувреме. Има моменти во животот кога или ќе нападнеш или ќе се повлечеш. Ние се решивме да одиме на двојна титула, да напаѓаме на секој меч за нашите навивачи. Затоа, Лигата на шампиони мора да биде наша цел“, вели Спалети.

Scroll to Top