Top Sport

Спалети прв кандидат за клупата на Фиорентина

Поранешниот тренер на Интер, Лучано Спалети е главен кандидат за местото на Бепе Јакини на клупата на Фиорентина, посебно по лошите резултати по рестартот на сезоната во Серија А.

Виола се на само шест поени од зоната за испаѓање откако во средата загубија дома од Сасуоло. Јакини го замени Винченцо Монтела на крајот на декември и оттогаш има 4-5-4 скор и мали се шансите тој да остане и во 2020/21.

Според весникот „Ла република“, претседателот на клубот, Роко Комисо веќе разговарал со Спалети за предводење на новиот проект, а ова би било враќање дома за тренерот, кој е роден во близината на Фиренца и е долгогодишен навивач на клубот.

Спалети двапати беше тренер на Рома, работеше и во Зенит Санкт Петерсбург, а Интер го отпуштија на крајот на минатата сезона и покрај тоа што ги однесе до пласман во Лигата на шампиони.

Scroll to Top