Top Sport

„Спарси“ му „пукнаа петарда“ на Барнли, Ливерпул рутинирано со Борнмут (видео)

Тотенхем се чини брзо го преболе поразот од Јунајтед со 2-1, па „сметката ја плати“ екипата на Барнли. „Спарси“ со 5-0 на домашен терен славеа убедлива победа

Капитенот Хари Кејн во 4 минута погоди за 1-0, а веќе во 9 минута со голот на Лукас Тотенхем имаше 2-0.

Во 32. минута Сон Мин постигна гол за 3-0 – вистинско ремек дело. Со тој резултат се отиде на пауза.

Во вториот дел Кејн со неговиот втор гол зголеми на 4-0, а конечниот резултат беше дело на Сисоко.

Лидерот на табелата во Премиерлигата, Ливерпул без поголеми проблеми ги освои трите бода со 3 гола на гостувањето кај Борнмут.

Во листата на стрелците на овој меч за запишаа Чембрлејн, Кеита и Салах.

Во третиот попладневен натпревар во Премиерлигата, мируваа мрежите на мечот Ватфорд – Кристал Палас.

Scroll to Top