Top Sport

Спартак Москва бара 100 милиони евра за синот на Хенрик Ларсон

По веста дека легендарниот шведски напаѓач Хенрик Ларсон се приклучува на тренерскиот тим на Барселона како помошник на Роналд Куман, рускиот клуб Спартак Москва веднаш пратија порака дека го „штитат“ неговиот 23-годишен син Џордан, поставувајќи цена од 100 милиони евра.

По ангажирањето на Хенрик Ларсон, веднаш почнаа шпекулациите дека меѓу првите трансфери на Барса ќе биде за неговиот 23-годишен син и тие веднаш реагираа на социјалните мрежи.

„Можеме да погодиме која е следната голема цел на Барса, но Џордан Ларсон е многу важен играч за нас. Нека подготват 100 милиони евра или нема поента да зборуваме“, велат од Спартак.

Ларсон пристигна во Спартак минатата година за 4.5 милиони евра, и постигна 11 гола во 33 меча во Руската Премиер лига за клубот од Москва.

Scroll to Top