Top Sport

Специја го отпушти Лука Готи

Уште една смена на тренери во Серија А, откако лошата серија резултати му „пресуди“ на тренерот на Специја, Лука Готи. По трите порази во последните пет меча, Специја падна на 17. место на табелата со само два поени предност пред Верона во зоната за испаѓање.

„Специја потврдува дека се разделува со тренерот Лука Готи. Му се заблагодаруваме за неговата работа и му посакуваме многу среќа во иднина“, се вели во објавата на клубот.

Готи минатото лето потпиша двегодишен договор со Специја, но во 22 меча оваа сезона имаше скор од 4 победи, 7 ремија и 11 порази. Според италијанските медиуми, поранешнио тренер на СПАЛ и Каљари, Леонардо Семпличи е прв кандидат да биде негова замена.

Scroll to Top