Top Sport

Специјалисти за реми – Волфсбург со пет нерешени во шест меча во Бундеслигата

Волфсбург останува клубот специјалист за нерешени резултати, откако на гостувањето кај Херта Берлин одиграа 1:1 за петто реми во шест кола во Бундеслигата.

Матеуш Куња ја донесе „старата дама“ од Берлин во водство уште во шестата минута, пред во 20. минута Ридле Баку да израмни за гостите. Волфсбург има неверојатен скор од една победа  и пет ремија во лигата, додека Херта со поенот ја прекина лошата серија од три порази.

Покрај Волфсбург, единствен непоразен клуб во Бундеслигата останува и Баер Леверкузен, кои денеска со 4:2 славеа на гости кај Фрајбург.

Scroll to Top