Top Sport

Спектакл во Милано – Волеј на Лаутаро, па „ракета“ на Малиновски

Аталанта води против Интер во Милан со 2:1, во дерби мечот кој се игра во шестото коло, во Серија А.

Првиот дел мина во знакот на головите кои ги постигнаа Лаутаро Мартинез и Руслан Малиновски.

Интер одлично го отвори дербито, Лаутаро со волеј го совлада Мусо во петтата минута.

Аталанта, израмни во 30.минута. Малиновски испука ракета која заврши во мрежата на Интер.

До крајот на полувремето Аталанта постигна уште еден гол, преку капитенот Толои во 38.минута.

Scroll to Top