Арсенал по три ремија, конечно, стигна до победа во Премиер лигата, овојпат тешко извојувана со 2:1 на гостувањето на Бурнемаут и одбележана со автогол каков што ретко се гледа.
„Топчиите“ на Унаи Емери дојдоа во водство во 30. минута кога колумбискиот интернационалец Џеферсон Лерма постигна апсолутно спектакуларен автогол во обид да ја исчисти топката од шестнаесетникот на Бурнемаут.
Jefferson lerma first own goal 30′ Bournemouth 0-1 Arsenal 25/11/2018 pic.twitter.com/FoIuFWZ0W4
— liy football (@nina_liy) November 25, 2018
Сепак, домаќините не се откажаа така лесно и до крајот на полувремето имаа 1:1, кога Џошуа Кинг упати убав удар по една брза акција на домаќините. Трите поени за Арсенал ги обезбеди Пјер-Емерик Обамејанг во 67. минута по одлична асистенција на Сеад Колашинац.
Со трите поени Арсенал остана на петтото место на табелата со 27 поени, еден помалку од четвртопласираниот Челси, но веќе осум поени зад лидерот Манчестер сити. Бурнемаут е осми со 20 освоени поени.