Top Sport

Спектакуларен гол на Фалкао (Видео)

Радамел Фалкао е еден од најдобрите напаѓачи во светот во изминатата деценија. 32-годишниот голгетер кој беше ноќна мора за голманите додека играше во Порто и мадридски Атлетико, синоќа само потврди дека по неуспешната англиска авантура, ја доживува „втората младост“.

Фалкао името го изгради во Порто, беше клучен човек на Атлетико во освојувањето на Лига Европа и Суперкупот на УЕФА, добро почна во Монако, но потоа му се случи тешка повреда поради што го пропушти Светското првенство во Бразил на кое неговата Колумбија беше вистински хит.

Реши да с епроба во Премиер лигата, каде залудно потроши речиси две години. За Манчестер јунајтед и Челси успеа да постигне мизерни пет гола.

Минатата сезона се врати во препознатливата форма и беше најдобра стрелец (30 гола) на Монако во шампионската сеозна на екипата од „малото кнежевство“.

Популарниот „Ел Тигере“ е незапирлив и оваа сезона веќе има постигнато 18 голови.

Последниот од нив синоќа во Купот против Каен (2:0). Фалкао во игра влезе во 75.минута, а десет минути подоцна постигна спектакуларен гол. Од 40 метри успеа да го лобува противничкиот голман Брис Самба.

Scroll to Top