Top Sport

Спектакуларен гол на Ламела во дербито на северен Лондон

Ерик Ламела постигна спектакуларен гол во дербиот на северен Лондон. Аргентинецот во 33.минута му донесе предност на Тотенхем против Арсенал.

Ламела натпреварот го започна од клупата за резерви, а на теренот влезе во 19.минута кога се повреди Сон.

14 минути подоцна Ламела го постигна најубавиот гол во кариерата, со „Рабона“ успеа да го совлада Бернд Лено.

Scroll to Top