Првиот ден од последниот викенд во септември ќе понуди неколку спектакуларни натпревари во националните фудбалски првенства. Печат на утрешниот ден ќе стават градските пресметки во Рим и Мадрид и дуелот на водечките тимови во Премиер лигата.
„Дерби дела капитале“, така во Италија се нарекува градската пресметка помеѓу Рома и Лацио. Рома лошо ја започна сезоната и во дербито влегува со осум бода од десеттата позиција. Лацио има четири бода повеќе и се наоѓа во серија од четири победи што го искачија на четвртото место на табелата. Римското дерби ќе започне во 15 часот.
Откако ќе заврши римското дерби, погледите ќе бидат свртени кон Торино, каде ќе играат двете најдобри италијански екипи во изминатите три сезони. Актуелниот првак, Јувентус ќе го пречека Наполи, екипа што се обидува ни никако не успеава да го одземе приматот на „старата дама“. Јувентус е со максимален ефект по првите три кола, Наполи има три бода помалку. Натпреварот во Торино ќе започне во 18 часот.
Во Премиер лигата, шлагерот на денот е дуелот што че се одигра од 18:30 часот на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон. Челси ќе го пречека лидерот на табелата Ливерпул. По шест кола Челси има 16, а Ливерпул е со максимални 18 бода. Овие два тима, со изменети состави, во средата играа во Карабао купот. Дуелот во Ливерпул им припадна на фудбалерите на Челси (1:2).
И за крај на денот ќе следува „Мадрилењо“ дербито во шпанската Ла Лига. Разнишаниот Реал, по дебаклот против Севилја (0:3), ќе го пречека градскиот ривал Атлетико. Реал на табелата ја дели лидерската позиција на табелата со 13 бода, а Атлетико со два бода помалку е веднаш зад нив. Дуелот ќе започне во 20:45 часот.
10 најинтересни дуели то се играат в сабота:
13:30 Вест Хем-Манчестер јунајтед
15:00 Рома-Лацио
15:30 Хофенхам-Лајпциг
16:15 Барселона-Атлетик Билбао
16:30 Хајдук Сплит-Динамо Загреб
17:15 Ница-ПСЖ
18:00 Јувентус-Наполи
18:30 Челси-Ливерпул
18:30 Баер Леверкузен-Борусија Дортмунд
20:45 Реал Мадрид-Атлетико Мадрид