Лацио постигна два гола за само пет минути во второто полувреме, за на крајот да издржи за важна гостинска 2:1 победа, четврта во низа во Серија А со која привремено се искачи на второто место на табелата.
Тимот на Симоне Инзаги дојде во водство во 61. минута, кога Федерико Ачерби се најде на вистинското место по еден слободен удар, а само пет минути подоцна Хоакин Кореа имаше мало дриблерско шоу пред да го совлада домашниот голман.
Udinese on the board with a beauty of a bicycle kick (with some help off Badelj). #UdineseLazio pic.twitter.com/VGQlFlhC6V
— Las Vegas Laziali (@LVLaziali) September 26, 2018
Сепак, Брам Најтинк со фантастичен гол со ножички во 80. минута придонесе гостите да се „тресат“ во финишот на мечот.
Фото: ЕПА