Top Sport

Спинацола се враќа во ноември

Фудбалерот на Рома и репрезентацијата на Италија, Леонардо Спинацола, во ноември ќе започне да тренира.

Спинацола се повреди на 2.јули, во четврт-финалето на Европското првенство против Белгија. Левиот бек ја повреди ахиловата тетива.

Италија и без Спинацола успеа да триумфира на Европското првенство. Бекот на Рома беше првиот кој го прими златниот медал на свечената церемонија.

Спинацола е во Рома од 2019 година, претходно играл за Јувентус, Емполи, Ланчано, Сиена, Аталанта, Виченца и Перуџа.

Scroll to Top