Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски од Израел се сели во Кипар. Спировски од наредната сезона ќе го носи дресот на АЕК Ларнака. Клубот потврди дека договориле две годишна соработка со македонскиот репрезентативец.
За фудбалерот кој кариерата ја започнал во 2007 година во Пелистер, АЕК Ларнака ќе биде петтиот клуб за кој ќе настапува во странство. Претходно бил играч на Борац Чачак, Берое, Ференцварош и Хапоел Тел Авив.
Покрај во Пелистер, Спировски во Македонија играл за Работнички и Вардар.
Фудбалерот за Македонија има одиграни 31 натпревар, постигнал еден гол.
Спировски во АЕК ќе го пречекаат сонародниците Иван Тричковски и Даниел Мојсов.