Бесарт Ибраими по шест години си замина од Шкендија. Најдобриот стрелец во клупската историја спогодбено се раздели со клубот.
34-годишниот напаѓач со Шкендија три пати бил шампион на Македонија, а четири пати бил најдобар стрелец во македонскиот шампионат. За Шкендија во кариерата постигнал 147 голови.
Ибраими во кариерата одиграл 15 натпревари за македонската репрезентација.
Искусниот напаѓач кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Грција, во редовите на Ксанти.