На повидок е скандал во шкотскиот фудбал. Обложувалниците побарале од Фудбалскиот сојуз да го истражи натпреварот Данди-Хартс. Минатиот викенд, Хартс, победија со 1:0. За обложувалниците, спорни се жолтите картони кои ги добиле фудбалерите на Данди.
Многу облози биле ставени дека одредени играчи на Данди ќе добијат жолт картон. На крајот тоа и се случило. Меѓу другите јавна опомена добиле најдобрите играчи на Данди, Андерсон, Грифит, Мулен и Мекгован.
Обложувалниците е убедени дека овие фудбалери „работеле“ за трета страна, односно дека некој се збогатил од нивните жолти картони.