Top Sport

Спортинг и по третпат ги одбија Тотенхем за Бруно Фернандеш

Тотенхем дале трета понуда за Бруно Фернандеш вредна 65 милиони евра, но Спортинг Лисабон повторно ја одбил, барајќи да се исплати посакуваната сума од 70 милиони евра.

Финалистите од ЛШ, претходно понудија 45 милиони евра и 60 милиони евра, но Спортинг очигледно сака да игра „опасно“ со англискиот клуб. Новата понуда била 55 милиони евра директна исплата и 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси.

Меѓутоа, претседателот на Спортинг, Фредерико Варандаш останува на своето и Фернандеш ќе може да замине ако се исполнат ветените 70 милиони евра. Агентот на Фернандеш, Мигуел Пињо побарал Тотенхем да ја „поправат“ понудата, посебно бидејќи тренерот Маурисио Почетино е заинтересиран за поранешниот фудбалер на Сампдорија.

Фернандеш беше еден од најдобрите фудбалери во португалскиот шампионат минатата сезона со 29 постигнати голови, а пред интересот на Тотенхем во игра беше и трансфер во Манчестер јунајтед.

Scroll to Top