Top Sport

Спротистите во Србија започнаа со тренинзи – фудбалот се враќа кон крајот на месецот

Спортистите во Србија од денес започнаа со тренинзите. Во првата фаза тие можат да тренираат на отворено, во групи од најмногу десет играчи со заштитни маски и почитување на социјалната дистанца.

Кога станува збор за фудбалот во оваа земја, сезоната ќе продолжи кон крајот на месецот.

„Таков е договорот, до крајот на месецот да продолжат првенствата на оние спортови кои се одржуваат на отворено, значи фудбалското првенство. Наскоро ќе се врати и кошарката, односно спортовите кои се играта во сала. Секако без публика“, изјавил синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Како и о поголемиот дел од Европа спортските натпреварувања се прекинати на почетокот на март.

Scroll to Top