Српски навивачи накратко го прекинале пријателскиот натпревар помеѓу Косово и Мадагаскар што во саботата се одигра во Париз. Србите го прекинале мечот со транспарентот „УЕФА подржува тероризам“.
Србите „засилени“ со колеги Ромаци и Грци се обиделе и да истакнат и транспрент „Косово-нема предавање“, но обидот бил спречен од француската полиција.
Овој потег е одговор на дронот со знамето на ткн. голема Албанија што се појави на квалификацискиот натпревар во Белград поемѓу Албанија и Србија, во 2014 година.
Дуелот Косово-Мадагаскар заврши со резултат 1:0.