Јужна Кореја и Србија одиграа 1:1 во Улсан во пријателски меч, додека Колумбија се „загреа“ со 4:0 победа над Кина во Чонкинг.
Дуелот меѓу Корејците и Србите беше значаен за Бранислав Ивановиќ, кој го имаше 100. настап за српската репрезентација, а играчот на Зенит излезе фо 68. минута од мечот. И Србија и Јужна Кореја се пласираа на СП во Русија.
Branislave Ivanoviću, čestitamo!!! #orlovi #fssrbije ??????? pic.twitter.com/hdLmnGC3vC
— FSSrbije (@FSSrbije) November 14, 2017
Играчот на Торино, Адем Љаиќ го најде десниот горен агол на голот на Чо во 59. минута со одличен удар, но водството траеше само три минути, пред Ку Џа-чеол да израмни со гол од пенал.
Колумбија пак, целосно доминираше во мечот против Кина, и помош на двата гола на Мигуел Борха стигнаа до импресивна победа.