Top Sport

Србија, Нигерија, Аргентина и Бразил ја пишуваат мундијалската историја

Иако до почетокот на Светското првенство во Русија има уште седум месеци четири селекции: Србија, Бразил, Аргентина и Нигерија се запишаа во мундијалската историја.

Аргентина во Д-групата за противник покрај Исланд и Хрватска ја има и Нигерија, а Бразил во Е-групата покрај Костарика и Швајцарија ќе игра и против Србија.

Ова значи дека Бразил и Србија, односно Аргентина и Нигерија петти пат во историјата ќе играат меѓусебе во фазата по групи на светските првенства.

Scroll to Top