Top Sport

Србија победи во Кина

Србија ја совлада Кина со 2:0 во пријателски натпревар, кој се одигра во Гвангџу.

Српската репрезентација, која на овој натпревар ја предводеше в.д. селекторот Младен Крстајиќ, до победата стигна со головите на Адем Љаиќ во 20. и Александар Митровиќ во 69. минута од натпреварот.

Кинеските фудбалери, чиј селектор е славниот Марчело Липи, во вториот дел и покрај силниот притисок во почетните 15 минути и неколкуте добри шанси, не успеаја да постигнат гол.

Србија, која се наоѓа на турнеја по Азија, ќе одигра уште еден натпревар за четири дена против Јужна Кореја.

Scroll to Top