Српскиот фудбал прв пат има директен претставник во групната фаза од Лигата на шампионите бидејќи Србија сезоната 2021/22. заврши на 11. место на ранг-листата на УЕФА.
Црвена звезда избори директен пласман во групната фаза, а српскиот вицешампион ТСЦ од Бачка Паланка доби шанса да се натпреварува во квалификациите за Лигата на шампионите.
Србија ќе има најмалку три клуба во групната фаза бидејќи ТСЦ ќе игра во Лига Европа, а Чукарички во Лига Европа или Конференциската лига.
Сепак, Србите немаат причина за задоволство бидејќи нивните тимови играат очајно во европските купови, досега не забележаа ниту една победа.
ТСЦ загуби со 7:1 во двомечот со португалска Брага, во третото коло во Лигата на шампионите. Војводина загуби со по 1:2 од кипарски АПОЕЛ во Конференциската лига, а Партизан шокантно загуби со 2:0 на гостувањето кај азербејџански Сабах. Пет натпревари за српските клубови во Европа сезонава и пет порази.
„Се што правевме добро во претходните сезони сега многу лесно можеше да пропадне. Од екипите кои сезонава играа во Европа добивме – нула бодови“, пишува српски Блиц по очајните настапи на клубовите од Србија во квалификациите.
„На познатата листа на коефициенти на УЕФА, каде што нашите бодови оваа сезона се поделени со пет, поради бројот на клубови во Европа, освоивме само 0.800 бодови. И тоа благодарение на тоа што Звезда доби 4.000 бодови за директен пласман. Од останатите добивме нула. Помалку бодови освоија само Швајцарија, Велс, Естонија, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино“, пишува Блиц.
Србија од 11. место на ранг-листата на УЕФА падна на 13. со 27.175 бодови, а наскоро може да падне уште повеќе бидејќи и се доближија Украина (25.000), Норвешка (24.750), Израел (24.500) и Данска (24.075).