Top Sport

Среде натпревар уапсен првиот човек на ФС на Боливија

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Боливија, Марк Родригез, бил упасен на стадионот во Ла Паз, на полувремето од квалификацискиот натпревар помеѓу Боливија и Еквадор.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Боливија со лисици на рацете бил изваден од стадионот. Родригез е обвинет за корупција, а медиумите го обвинуваат дека тој е главниот виновник за тешката ситуација во која се наоѓа фудбалот во оваа земја.

Во летниот период Родригез ја презеде функцијата. Тој го наследи Цезар Салинас кој почина од коронавирусот.

Квалификацискиот натпревар Боливија-Еквадор заврши со поебда на гостите 2:3.

 

Scroll to Top