Top Sport

Среден прст за навивачите на Ренџерс

Тренерот на Осиек, Зоран Зекиќ, се соочува со казна од страна на УЕФА, поради непримерното однесување по завршувањето на мечот во Лига Европа помеѓу Глазгов Ренџерс и Осиек.

Осиек одигра нерешено во Глазгов 1:1 и поради поразот во првиот меч на домашен терен од 0:1, хрватскиот тим го заврши учеството во Лига Европа.

Елиминацијата тешко ја прифатил тренерот на Осиек, Зекиќ, кој по завршувањето на мечот им го покажал средниот прст на навивачите на Глазгов Ренџерс.

Потегот на тренерот веднаш наиде на осуда во шкотските медиуми, кои пипуваат за овој потег на Зекиќ, а бидејќи неговиот непримерен гест го „уловија“ и камерите, тој сигурно ќе биде казнет од УЕФА.

Scroll to Top