Top Sport

Среќен 118. роденден за АЦ Милан

Пред точно 118 години, двајца Англичани, Алфред Едвардс и Херберт Килпин решија да формираат локален клуб во Милано, користејќи го англискиот изговор на главниот град на Ломбардија – Милан.

Килпин беше првиот капитен на тимот и ги одреди славните црвено-црни дресови за да „инспирира страв“ кај конкуренцијата. Уште на стартот тимот беше успешен, освојувајќи три лигашки титули, вклучувајќи ги двете титули едноподруго во 1906 и 1907 година.

Во 1908 година, предвиденото правило за намалување на бројот на странци на клубот, предизвика бунт, и дел од клубот се „одвои“ за да го формира Интернационале. Дури 44 години по оваа „разделба“, „Диаволо“ не стигнаа до скудетото, по што се појавија гласините за „клетва“ на тимот од Карло, Артуро и Енрико Хинтерман.

Меѓутоа во 1950 година, инспирирани од шведскиот напад со име Гре-Но-Ли – Гунар Грен, Гунар Нордал и Нилс Лидхолм, Милан повторно стана шампион. Росонерите четири пати победија во 1950-тите и еднаш во 1962 година, по што добија место во Европскиот куп, победувајќи го актуелниот шампион Бенфика со 2:1 на „Вембли“ за прва од седумте европски титули.

1970-тите донесоа три пласмани на второто место, вклучувајќи го драматичниот пораз од Јувентус за еден пораз во 1973 година кога загубија со 5:3 од Верона во последното коло. Инспирирани од Џани Ривера, Милан конечно стигнаа до 10. скудето во 1979 година, но следната година беше најлошата во историјата. Тие беа вклучени во скандалот „Тотонеро“ и исфрлени во втората лига.

Иако веднаш се вратија во првата лига, следната сезона повторно испаднаа, за најлошиот период на клубот да заврши со можен банкрот во 1986 година. За среќа, тогаш дојде „спасителот“ Силвио Берлускони, кој пристигна на првиот состанок како сопственик со хеликоптер и со „Одот на валкирите“ од Рихард Вагнер.

Тој го отпушти Лидхолм како тренер, го донесе Ариго Саки и останатото е историја – Милан го направи еден од најмоќните тимови во историјата. Милан го освои трофејот во 1988, европските титули во 1989 и 1990, пред Фабио Капело да го преземе неговото место. Во 1990-тите Милан освои пет титули, и додаде петта европска титула во 1994 година.

Карло Анчелоти го „крена“ клубот во 2001 година со титула, за во 2003 да го победат Јувентус на пенали во финалето на ЛШ. Карлето ја освои титулата и следната сезона, но имаше колапс во второто полувреме од финалето на ЛШ против Ливерпул во Истанбул. Две години подоцна, тие повторно се сретнаа со Ливерпул, и Пипо Инзаги со два гола ги инспирираше за 2:1 победа.

Оттогаш, тимот освои само уште една титула – со Макс Алегри во 2011 година и последните четири сезони беа посебно болни – 8., 10., 7. и 6. место во Италија. Берлускони го продаде тимот на кинески инвеститори во април 2016, по што беа потрошени 200 милиони евра на засилување.

Лошиот старт на сезоната го чинеше Винченцо Монтела работата, за на негово место да дојде Џенаро Гатузо.


Scroll to Top