Top Sport

Среќна победа за ВБА – Брајтон промашија два пенали на „Хоторнс“

Фудбалерите на ВБА го победија Брајтон со 1:0, во натпревар одигран во 26.коло, во Премиер лигата. Единствениот гол на „Хоторнс“ го постигна Бартли во 11.минута. За ВБА ова беше третата победа во сезоната, со која ги задржаа теоретските шанси за опстанок во лигата.

На Брајтон и два пенали не му беа доволни да освојат барем еден бод.

Грос во 19.минута ја погоди гредата, а ударот на Велбек во 74.минута заврши во дирекот.

Покрај тоа на Брајтон им беше поништен и гол во 30.минута, кога „блекаше“ судијата Мејсон. Тој најпрвин го поништи голот, потоа го призна и на крајот го поништи.

Scroll to Top