Top Sport

Српски тинејџер пред трансфер во Манчестер сити

Фудбалскиот клуб Манчестер сака да пазари во Србија. Тимот чии предводник од клупата е Пеп Гвардиола е блиску до договор со Младост од Лучани за тинејџерот Ѓорѓе Гордиќ, тврдат српските медиуми.

Младиот фудбалер од средниот ред ги импресионирал скаутите на Манчестер Сити, а како што се наведува клубовите се многу блиску до договор од јуни и официјално Гордиќ да стане играч на Манчестер сити.

Се верува дека потоа ќе биде проследен на позајмица и понатамошен развој, а каде, засега, не е познато. Се претпоставува дека тоа ќе биде Холандија, бидејќи Манчестер Сити таму ги испраќа своите млади фудбалери.

Гордиќ во ноември ќе наполни 18 години. Оваа сезона за Младост одигра 24 натпревари и постигна четири гола.

Младост Лучани од продажбата на Гордиќ ќе заработи три милиони евра, што ќе биде најголемиот трансфер во нивната историја.

Scroll to Top