Српскиот фудбалер Иван Обрадовиќ, поранешен репрезентативец на оваа земја, се наоѓа во проблематична ситуација и мора да позајмува пари за живот по корупцискиот скандал во Белгија.
30-годишниот Обрадовиќ официјално е дел од гигантот Андерлехт, но игра во резервниот состав, и поради врската со менаџерот Дејан Вељковиќ е под истрага за корупција и затоа сите сметки му се блокирани. Белгиските медиуми јавуваат дека за основни работи тој мора да смета на дарежливоста на неговите соиграчи.
Според српските медиуми пак, човекот кој 27 пати настапи за српската репрезентација, веќе во јануари ќе побара враќање во тимот на Партизан, за кого играше до 2009 година, пред да замине во Реал Сарагоса.
Познат идентитетот на уапсениот Македонец во скандалот што ја тресе Белгија