Top Sport

Стадионот на Наполи дефинитивно не е безбедно место (видео)

„Сан Паоло“ во Неапол е фудбалски храм за навивачите на „партенопеи“, но состојбата на стариот стадион очигледно не е на највисоко ниво, откако се појави видео во кое се гледа како под седиштата на стадионот може да се забележи дека има огромна „дупка“!

Снимката која ја „ископаа“ навивачите на Ливерпул, кои треба да гостуваат во Неапол во меч од Лигата на шампионите, јасно покажува дека малото дете на видеото може да се протне и да падне во сигурна смрт.

Неодамна, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис го нарече својот стадион „тоалет“, а шпекулациите велеа дека тој ќе се обиде да ги „пресели“ мечевите од Лигата на шампионите во Бари, откако го купи и италијанскиот второлигаш, но на крајот ова беше демантирано.

Како и да е, и навивачите на Црвена звезда би требало да внимаваат на гостувањето во јужна Италија и останува нејасно како УЕФА има стриктни правила за тоа каде смеат на пример да се играат квалификациски натпревари на македонската репрезентација, а дозволува ваков стадион да биде домаќин на мечеви од Лигата на шамшионите.

Де Лаурентис: Стадионот на Наполи е како тоалет!

Scroll to Top