Стадионот Сан Паоло, домот на фудбалрите на Наполи, во иднина ќе го носи името на Диего Арамндо Марадона, кој почина вчера од срцев удар.
Претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио Де Лаурентис, веднаш по веста дека Марадона починал, рекол дека ќе биде разгледана идејата да биде сменето името на стадионот, а само неколку часа подцна веста беше потврдена.
Стадионот беше осветлен во текот на ноќта, со што клубот му одаде почит на својот великан.
Марадона на стадионот во Неапол прв пат зачекорил на 7.мај 1984 година. Дресот на Наполи го носел до 1991 година. Го предводеше Наполи до две титули во Серија А (единствени во клупската историја), односно до тотилути во Купот, Суперкупот и Купот на УЕФА.
OFFICIAL: Napoli's stadium ‘San Paolo’ will be re-named in honor of Diego Maradona. pic.twitter.com/hraSi4jPYd
— Champions League on CBS Sports (@UCLonCBSSports) November 25, 2020