Top Sport

„Стаклениот“ Дембеле повторно се повреди!

Барселона веќе не е изненадена од новата повреда на 21-годишниот Усман Дембеле, кој е неизвесен до крајот на сезоната по вчерашниот пораз од Селта, покажувајќи дека повторно не може да смета на талентираниот Французин.

21-годишниот Дембеле, кој беше најскапо засилување во историјата на Барселона кога тие платија 105 милиони евра да го донесат од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар, не го покажува својот талент на „Ноу Камп“, а наместо тоа има постојани приказни за неговата недисциплина, непрофесионалност и тежината за навикнување на живот во Каталонија.

Ернесто Валверде мораше да го замени Дембеле по само пет минути против Селта, откако тој се повреди во спринтот во првата минута, по што доби повреда на бутниот мускул.

„Изгледа се работи за мускулна повреда, но ќе мораме да почекаме да ги направи тестовите. Тој е многу важен фудбалер за нас и ова е голем удар пред големите мечеви кои не чекаат“, призна Валверде пред реваншот со Ливерпул во Лигата на шампионите во вторник.

Scroll to Top