Дејан Станковиќ во саботата беше промофиран во нов шеф на струката во најтрофејниот српски клуб Црвена звезда. Станковиќ дојде на местото на Дејан Милојевиќ кој по големите успеси што ги постигна со црвено-белите замина шест месеци пред истекот на договорот.
На промоцијата Станковиќ му се заблагодарил на својот претходник и рекол дека е свесен дека нема големо тренерско искуство, но дека за два часа колку што разговарал со Милојевиќ научил многу. Ветил дека ќе ја продолжи мисијата што ја започнал Владан Милојевиќ.
Во еден дел од разговорот со новинарите Станковиќ ги насмејал сите кога го раскажал разговорот што го имал со Жозе Мурињо.
„Да се слушнав со Мурињо. Жозе падна во несвест! Ми кажа, Деки ти? Ми посака многу среќа“.