Top Sport

Станковиќ за Суперлигата: Жал ми е за фудбалот, тој се игра за навивачи!

Формирањето на новата фудбалска Суперлига е главна тема изминативе два дена, а свој коментар даде и поранешниот фудбалски репрезентативец на Србија кој имаше богата кариера во Црвена Звезда, Лацио и Интер – Дејан Станковиќ.

„Жал ми е за фудбалот, тој се игра за навивачи“ – вели тој.

Актуелниот тренер на белградските „црвено-бели“ е свесен кој ги носи конечните одлуки.

„Моето мислење е дека натпреварувањето ја губи суштината и жарта, ако нема квалификаици и испаѓања, тогаш се се сведува на пари. Она што сакам да го зборувам е 22. мај 2010 година, стадионот на Реал Мадрид, кога ја освоив Лигата на шампиони со Интер. Тие солзи радосници никој не може да ги купи и плати, тоа не може да се одземе. Ниту мене, ниту на моите деца, ниту на идните генерации кои почнуваат да тренираат фудбал за да ја освојата ЛШ. Тоа е натпреварувањето за кое се сонува“ рече Станковиќ.

Scroll to Top