Top Sport

„Старата дама“ немоќна без првата ѕвезда – дури осум гола на „Олимпико“

Италијанскиот шампион Јувентус по денешниот пораз од 1-0 во Бергамо кај Аталанта се чини дека ги загуби шансите за одбрана на Скудетото. По новиот неуспех на тимот на Андреа Пирло во чиј состав денеска го немаше Кристијано Роналдо, доколку Интер вечерва слави на тешкото гостување кај Наполи, „нероазурите“ ќе се одлепат на +14 од „Старата дама“ на 7 првенствени кола до крајот.

Стрелец на единствениот погодок за Аталанта денеска беше Малиновски во 87 минута, па сега „црно-сините“ се искачија на третата позиција, со +2 пред Јуве.

Ефикасен меч попладнево во Рим, Лацио и Беневенто одиграа со резултат 5-3.

Возбудлив натпревар се одигра и во Болоња каде тимот на Синиша Михајловиќ со 4-1 славеше против Специја.


Scroll to Top