Top Sport

„Старата дама“ се распрашува за Милик

Раководството на Јувентус размислува за ангажман на напаѓачот на Олимпик од Марсеј, Аркадијуш Милик во летниот преоден рок, пренесува „Кориере дело Спорт“. Клубот од Торино евентуалниот ангажман ан Полјакот ќе треба да го плати помеѓу 10 и 15 милиони евра.

„Старата дама“, летото ќе остане без Паоло Дибала, кој без обесштетување ќе го напушти Торино и Алваро Мората, кој ќе се врати во Атлетико Мадрид. Јувентус процениле дека Милик би бил добра поддршка во нападот за Душан Влаховиќ.

Проблем за Јувентус, околу ангажманот на Милик, може да претставува информацијата дека Марсеј сакаат да го откупат неговиот договор од Наполи.

Полјакот минатата сезона постигна 20 гола и забележа две асистенции на 37 натпревари.

Scroll to Top