Top Sport

Стариџ доби суспензија – му кажувал на својот брат да се обложува на негов трансфер

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ доби суспензија од сите фудбалски активности до средината на јуни поради обложување на мечеви, откри англиската Фудбалска асоцијација (ФА) неколку часа откако турскиот клуб Трабзонспор објави дека го поништува неговиот договор по само неколку месеци во турската Суперлига.

Стариџ прво доби казна за обложување од две недели во јули 2019, откако му советувал на неговиот брат да се обложува на негов трансфер во Севилја, но сега, по жалбата на ФА, неговата суспензија е зголемена до 17 јуни, а казната удвоена на 150.000 фунти.

Стариџ на својот брат Леон му кажал да се обложува на неговиот трансфер во Севилја во текот на јануарскиот преоден рок во 2018 година, но тој се правдаше дека се работело за „обична СМС порака“ и дека немал никаква намера да се обложува.

Стариџ, кој има 8 гола во 26 настапи за англиската репрезентација, си замина од Ливерпул во јуни по крајот на договорот, а за Трабзон имаше 7 гола во 16 настапи.

Раскинаа Стариџ и Трабзон

Scroll to Top