Напаѓачот на Ливерпул и на англиската репрезентација, Даниел Стариџ е обвинет за прекршување на правилата на Фудбалската асоцијација (ФА) за обложување, откако двапати се обложувал во јануари 2018 година, иако асоцијацијата не објавува за кои мечеви се работи.
Според правилата во Англија, фудбалерите не смеат да се обложуваат на фудбалски мечеви во Англија, а исто така не смеат да доставуваат информации кои можат да бидат важни за обложувањето (повреди на фудбалери, слаба форма и слично).
Од Ливерпул објавија дека Стариџ ќе соработува со асоцијацијата преку дисциплинскиот процес и дека нема да коментираат додека не заврши истрагата. Стариџ беше под договор со Ливерпул во тој период, иако од 29 јануари до крајот на сезоната беше позајмен фудбалер на ВБА.
Во април 2017, Џои Бартон доби суспензија од 18 месеци откако постави 1.260 облози на мечеви претходните 10 години, а казната потоа беше намалена на пет месеци.
Фото: ЕПА