Top Sport

Стариџ: Имам незавршена работа во Премиер лигата

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и Челси, Даниел Стариџ вели дека има „незавршена работа“ во Премиер лигата, најавувајќи го своето враќање во Англија.

31-годишниот Стариџ е без клуб од март, кога турскиот Трабзонспор го отпушти откако тој ги прекрши правилата за обложување на Англиската фудбалска федерација (ФА) и доби четиримесечна суспензија. Стариџ оттогаш е во Лос Анџелес, каде што работи на физичката подготвеност и тој вели дека би сакал да се врати во Англија.

„Има различни опции низ целиот свет, но јас сум англиски фудбалер и секогаш сум сакал да играм во Премиер лигата. Мислам дека имам уште многу да понудам и тоа е мојот прв избор. Имам незавршена работа која мора да ја завршам“, вели Стариџ.

Тој претходно играше во Манчестер сити, Челси, Болтон, Ливерпул и Вест Бромвич Албион, и има вкупно 105 постигнати голови, од кои 68 во дресот на Ливерпул.

Scroll to Top