Top Sport

Стариџ ќе ја „обновува“ кариерата во Вест Бром

Даниел Стариџ ги помина медицинските тестови и ја комплетираше позајмицата од Ливерпул во Вест Бромвич Албион до крајот на сезоната.

28-годишниот Стариџ, за кого беа заинтересирани и Њукасл и Интер, ќе се обиде да се наметне во тимот на Алан Пардју (кој ги елиминираше Ливерпул од ФА купот овој викенд), а ВБА ќе плати 2 милиони фунти и ќе ја преземе неговата плата од 120.000 фунти неделно.

Напаѓачот се реши за „бегис“, бидејќи е роден во Бирмингем, а се надева дека ќе има добри игри за да може да најде место во англиската репрезентација  за СП во Русија. Под Јирген Клоп, Стариџ не добиваше доволно простор, бидејќи Роберто Фирмино го предводеше нападот на „Црвените“ и Англичанецот имаше само пет старта оваа сезона.

Стариџ дојде во Ливерпул во јануари 2013 година, и имаше 133 настапи и 63 голови за тимот од „Енфилд“.

Scroll to Top