Top Sport

„Стариот лисец“ Ектор Купер седна на клупата на ДР Конго – целта е пласман во Катар

Аргентинскиот тренер Ектор Купер е именуван за селектор на фудбалската репрезентација на ДР Конго, соопштија од Фудбалскиот сојуза на оваа африканска земја.

За 65-годишниот стручњак ова ќе е втор ангажман за една африканска репрезентација откако го предводеше Египет на СП во Русија во 2018 година.

Купер во богатата тренерска кариера бил селектор и на Узбекистан, односно Грузија.

Најголем успех имаше со шпанска Валенсија со која во два наврати играше финале во ЛШ (во 2000 и 2001 година), а седеше и на клупата на Интер и на Парма.

Купер на селекторската позиција во ДР Конго е доведен со цел да избори пласман на наредното СП во Катар.

Квалификациите започнуваат во септември.

Scroll to Top