Top Sport

Старо друштво – Солксјер го покани Сколс на „Олд Трафорд“

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го покани поранешниот клупски колега Пол Сколс во тренинг-центарот на клубот откако Англичанецот си даде отказ од менаџерската позиција во третолигашот Олдам по само 31 ден.

Сколс си дал оставка преку СМС-порака од Олдам бидејќи не можел да работи како што му било ветено пред да се зафати за работата. Ова беше прва менаџерска позиција за Сколс во кариерата. Солксјер вели дека контактира со 44-годишниот Англичанец, кој имаше само една победа во седум меча како тренер и вели дека е тука секогаш за својот поранешен соиграч.

„Тој си има причини поради кои што си замина. Тоа треба тој да го одговори. Тој доби покана да дојде тука со нас и да разговараме. Разменивме неколку пораки и јасно е дека таму работите не функционираа. Но, таква е тренерската работа“, вели Солксјер.

Сколс, кој накратко беше помошник на Рајан Гигс на „Олд Трафорд“ во 2014, а работеше и со У-23 тимот на Манчестер јунајтед, беше голем критичар на претходникот на Солксјер, Жозе Мурињо и немаше никакви контакти со тогашниот состав на клубот.

Scroll to Top