Англичаните, традиционално во екот на новогодишните празници, не се откажуваат од играњето фудбал. Лудилот во Премиер лига започува денес.
Првиот меч од 13:30 часот ќе го одиграат Тотенхем и Саутемптон, а од 16 часот на програмата се уште шест натпревари. Од фаворитите ќе играат Челси против Брајтон и Манчестер јунајтед против Барнли.
Лидерот на табелата Манчестер Сити, во среда од 20:45 часот ќе гостува во Њукасла, а последниот меч од 20.коло в четврток ќе го одиграат лондоснките ривали Кристал Палас и Арсенал.
21.коло на програмата е веќе в сабота кога на програмата ќе бидат два дерби натпревари: Ливерпул-Лестер и Манчестер јунајтед-Саутемптон.
Последниот ден од годината е предвиден за дуелите Кристал Палас-Манчестер Сити и Вест Бром-Арсенал.
Новата, 2018 година в понеделник ќе ја отворат Брајтон и Бортнмут, односно Барнли-Ливерпул, Лестер-Хадерсфилд, Стоук-Њукасл и дербито Евертон-Манчестер јунајтед.
Во вторник, на 2.јануари, лидерот Сити ќе игра против Вотфорд, а Тотенхем ќе го пречека Свонси. Виситнско дерби ќе има в среда, кога ќе се сретнат лондонските ривали Арсенал и Челси.